Скопјанец избоден од соседите

0
86

Ранетиот е згрижен на комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Вчера околу 9.30 часот дежурен лекар од комплекс клиники „Мајка Тереза“ во полиција пријавил дека кај нив е донесен Б.Д. (44) од Скопје кој имал убодни рани во грбот.

Од започнатата истрага на полицијата е утврдено дека повредите му биле нанесени во дворот од неговата куќа на улицата „376“, од соседите Б.М. и А.Н., и двајцата од Скопје, по меѓусебна вербална расправија.