Сѐ што треба да знаете за корона вирусот

0
74

Со овој вирус може да се заразат и дивите животни и луѓето. Можно е да има потекло од лилјаците слично како САРС-от, но меѓу овие животни и луѓето вирусот би можел да има повеќе домаќини-посредници.

Појавата на новиот корона вирус во Кина, поради кој досега починаа девет лица, ги оживеа болните сеќавања на респираторната инфекција САРС, која пред 17 години однесе 800 животи, како и стравувањата од избивање на слична пандемија.

Светската здравствена организација (СЗО) денес на кризен самит ќе одлучува дали ќе биде прогласена меѓународна здравствна опасност, а едно од одлучувачките прашања ќе биде колку лесно вирусот може да се пренес од заразен човек на здрава особа и на кој начин со време тој мутира за да се прилагоди на огранизмот-домаќин. Новиот корона вирус кој се шири многу брзо, веројатно има потекло од лилјаците иако генетички е сличен со вирусите САРС или МЕРС, припаѓа на втората група наречена бетакоронавирус, се наведува во една кинеска студија.