Тачи: Порано или подоцна, Србија ќе одговара за геноцидот во Косово

0
113

На чествувањето на жртвите од масакрот врз 45 цивили Албанци во селото Рачак, што се случи на денешен ден 1999 година, Тачи побара од меѓународната заедница „да не молчи за злосторствата против човештвото”.

Претседателот на Косово Хашим Тачи, побара денеска правда за сите масакри што се случија во војната од 1998-99 година и порача дека, „порано или подоцна, Србија ќе одговара за геноцидот и етничкото чистење што го изврши во Косово”, јави дописникот на МИА од Приштина.

На чествувањето на жртвите од масакрот врз 45 цивили Албанци во селото Рачак, што се случи на денешен ден 1999 година, Тачи побара од меѓународната заедница „да не молчи за злосторствата против човештвото”.

– Нивниот избор да молчат ѝ даваат простор на Србија да го негира геноцидот, иако никој на светот не може да ги негира тие злосторства против човештвото, изјави Тачи.