Техничкиот медицински персонал доби покачување на платата од 5%

0
82

Покачувањето за администрацијата во болниците засега останува да биде разгледано по изборите , информира министерот за здравство Венко Филипче.

Откако не се најде во пакетот најнови покачувања на личниот доход во здравството, синдикатот на здравствената администрација излезе со остра реакција дека одлуката била неуставна и најави покренување претставка пред Уставниот суд. .

„Почитувани, заради дискриминаторниот однос кон административниот здравствен персонал и потпишување на штетниот и неуставен колективен договор за здравствена дејност, Ви најавуваме дека ќе поднесеме тужба, иницијатива до Уставен суд и се прават подготовки за изразување на нашето незадоволство преку протест.“