Тешка сообраќајка на влезот од Тетово

0
79

Вечерва околу 17 30 минути, возило БМВ со тетовски регистарски ознаки изгубило контрола и удрило во заштитната ограда која го дели булеварот Маршал Тито на околу 200 метри после трговскиот центар Палма Мол.

Од ударот возачот на автомобилот со иницијали ЖС роден 1966 година се здобил со тешки телесни повреди. Итно е пренесен во Клиничка болница Тетово, а како итен случај е префрлен на скопските клиники.

Полицијата има извршено увид и се работи на целосно расветлување на случајот