Тони Трајковски во ТНТ доби 15 дена од судот за да оздрави

0
74

Неговото столче остана празно во судницата. Тони Трајковски кој ја управуваше општина Гази Баба, а стана обвинет за рушењето на комплкесот „Космос“ морал да остане дома бидејќи е болен тврдеше неговиот адвокат во судницата.

Судечкиот совет предводен од судијата Огнен Ставрев не поверува на зборовите на адвокатот, ја повика докторката Викторија Вујовиќ од невропсихијатрија која го издала боледувањето, а претходно ги острани присутните во судницата.

Сериозно е но минливо кусо ќе образложи за болеста на Трајковски неговиот адвокат.

ТНТ е закочен заради здравствените отсуства на Трајковски.