Трагедија кај Турција: Се преврте брод полн со мигранти, осумина загинаа, полицијата трага по исчезнатите

0
78

Турското министерство за внатрешни работи соопшти денеска дека осум лица загинале кога во близина на турскиот брег се превртел чамец кој превезувал мигранти. Полицијата бара седум лица кои се водат како исчезнати.

Бродот потонал во близина на провинцијата Мугла. Во тек е потрага по исчезнатите мигранти, во која учествуваат крајбрежната стража, хеликоптер и авион, како и тим нуркач.

Во соопштението е наведено дека гумениот чамец со околу 15 мигранти се превртил доцна синоќа. Турција е една од главните рути на мигрантите кои од Блискиот исток се движат кон западноевропските земји.