Трамп со закана до Иран: Ќе удриме силно и брзо

0
141

Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Техеран дека САД „многу брзо и многу силно“ ќе погодат 52 локации во Иран ако Исламската Република нападне американски цели. Некои од тие локации се „многу важни за Иран и за иранската култура“, наведе доцна синоќа Трамп на Твитер.

„САД веќе не сакаат закани“, предупреди Трамп.