Трипуновски: Од денеска влегуваме во институциите, по 12 април доаѓа вистинската обнова на земјата

0
72

Ова го изјави дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски во Собранието по именувањето на дополнителните заменици министри во техничката Влада.

Според Трипуновски, техничката Влада што беше избрана денеска, нема да направи чуда, ниту ќе може да ги реши, како што рече, напластените проблеми. Заев, истакна Трипуновски, веќе не е премиер, но неговата оставштина на погрешни чекори и политики се уште владее во земјава.

-Нема поголема одговорност од тоа да се служи на граѓаните и да се работи за Република Македонија, особено во време кога државата стагнира, кога назадува и кога е во слепа улица заради сите штетни и погрешни политики. За жал, Македонија денес има криминализирано општество преполно со корупција, недоследности и неправди. Јас и моите колеги ветуваме беспоштедна работа со која ќе обезбедиме волјата на граѓаните да биде изразена на слободни и фер избори. Оваа техничка Влада има за број еден цел да ги заштити волјата на граѓаните, нивните права и слободи, истакна Трипуновски.