Три лица се водат како исчезнати при судир на танкер и рибарски чамец во Турција

0
77

Во водите на Црно Море, во близина на Истанбул, утрово се судрија танкер, кој пловел под руско знаме, и турски рибарски чамец.

При судирот рибарскиот чамец потонал, а канцеларијата на истанбулскиот гувернер соопшти дека тројца државјани на Турција се водат како исчезнати, а други тројца се спасени.

Во потрагата за исчезнатите се ангажирани и нуркачи.

Рускиот брод „Глард 2″ пловел од Ростов на Дон до Измир, во западниот дел на Турција.