Турски и сириски војници во Либија?

0
83

Од донесувањето на одлуката до фактичкото турско присуство во Либија не траеше долго: лани во ноември либиската и турската влада склучија договор, а на 2 јануари турскиот парламент даде согласност за воената мисија. Кратко потоа, според наводите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во Либија биле испратени 35 турски војници. Други пак зборуваат за бројка од 80 војници. По одлуката, владиниот портпарол Омер Џелик изјави:

„Ве молам, не прашувајте ме за детали. Не би било во ред доколку наведувам бројки и контигенти поврзани со нашата војска. Од една страна од причина што не сакаме на тој начин да се загрозува безбедноста на нашите војници, а од друга страна поради ефикасноста на нашите тамошни задачи. Ние не сме присутни во Либија за да водиме битки со некоја страна во конфликтот. Турските војници ќе ги обучуваат единиците на легитимната, меѓународно призната влада.“