Турски хакери нападнале страници на грчки владини институции

0
104

Хакери од Турција успеале на најмалку половина час да онеспособат редица веб-страници на владини институции во Грција, пренесува во петокот порталот iefimerida.gr.

Според информациите, „турнати“ биле интернет страниците на Националната служба за разузнавање, Парламентот, Министерството за надворешни работи, Министериството за финансии, Атинската берза…

Според сознанијата на порталот, нападот ги извршила турската хакерска група позната под називот Anka Neferler, којашто подоцна на Facebook го потврди нападот и го објасни како „одговор на заканите на Атикина против Турција“.

„Грција ѝ се заканива на Турција во Егејот и источниот Медитеран, И сега се заканува на либската конференција“, се наведува во објавата на хакерите, алудирајќи на постојаните тензии меѓу двете земји по низа прашања.