„Т.Н.Т.“ од почеток – за одбраната е победа на правдата, за обвинителството одолговлекување на постапката

0
107

Враќањето од почеток на судењето за случајот „Т.Н.Т.“ по неотповикливата оставка на една од поротничките, за одбраната е победа на правдата, додека за обвинителството е остварување на целта на адвокатите за одолговлекување на постапката. Оштетениот во случајот, пак се сомнева дека поротничката самоволно дала оставака и дека е поткупена од мафијата.

Се докажа дека сето тоа што Кривичниот суд го пишуваше против нас, дека не е точно и дека по втор пат заради разумно размислување од поротничката дека и е истечен мандатот. Го поздравувам нејзиниот гест и победи правдата во Македонија, рече Страшевски.

Има два начини. Едно да се изведат, второ да се читаат. По мене подобро да се изведат повторно меѓутоа ако се согласат сите и јас би се согласил, затоа што јас на пример само два часа имав извршено увид во постапката и од доказите не знам ништо. И едното и другото како ќе одлучат мнозинството јас ќе прифатам, нема да правам опструкции, зашто во интерес ни е да ја докажеме правдата и вистината, изјави Страшевски.