УЈП со кривични пријави против неколку фирми поврзани со Боки 13

0
74

Управата за јавни приходи подготви кривични пријави против три правни субјекти за затајување данок во висина од 20 милиони денари. Сите три фирми се во тесна корелација со првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски или Боки 13. Станува збор за хуманитарната организација, „Меѓународен сојуз“, „БМЈ Медија Груп“ која се јавуваше како сопственик на 1ТВ и „Томато продукција“, во чии простории беше сместена телевизијата за која Боки се претставуваше како неформален сопственик.