(ФОТО) Камион се преврте на патот Тетово-Скопје

0
86

Камион со тетовски регистарски таблички утрово се преврте на автопатот Скопје – Тетово блокирајќи ја едната коловозна лента. Според првичните информации во камионот имало две лица, возач и совозач, кои се пренесени во тетовската болница.

Неофицијално, двајцата се во стабилна здравствена состојба.