Фото: Кина бара извинување од дански весник, поради карикатура за Коронавирусот

0
88

Карикатурата го прикажува кинеското знаме со симболи кои личат на вирус на местото каде би требало да бидат ѕвездите, а главниот уредник на весникот „Јуландс- Постен“ рекол дека немале намера да ја исмеат Кина.

„Не можеме да се извиниме ако сметаме дека не сме направиле ништо лошо“, рекол уредникот, кој вели дека се во прашање културолошки разлики.

Кинеската амбасада изразила силно негодување и оценила дека карикатурата, која излегла во печатеното издание на весникот во понеделник, е навреда за Кина, јавува „АП“.