Франкфурт меѓу победниците од Брегзит: Повеќе од 30 банки се иселуваат надвор од Лондон

0
106

Поради Брегзит, до крајот на 2021 година, најверојатно ќе се создадат околу 3.500 нови работни места во Франкфурт, вели Бишоф.

Франкфуртскиот банкарски центар е еден од победниците од излегувањето на Велика Британија од Европската унија, според истражувањето на „Landesbank Hessen-Thüringen“. Повеќе од 30 странски банки ја донесоа својата одлука во корист на германскиот финансиски центар, изјави за „Ројтерс“ аналитичарката, Улрике Бишоф.

– Ниту еден друг банкарски центар не може да остане во чекор. Финансиските компании кои претходно работеа во Лондон мораат изградат упориште во континентална Европа заради излегувањето на Велика Британија од Европската унија за да продолжат да ги нудат своите услуги во иднина“, рече таа.