Франција испраќа носач на авиони на Блискиот исток

0
82

Морнарицата ќе ја поддржува операцијата ,,Шамал” од јануари до април, пред да замине за Атлантскиот Океан и Северното Море“, рече претседателот во новогодишниот говор пред француските трупи.

Носачот на авиони „ќе биде во центарот на операциите на повеќе европски земји. За време на мисијата ќе биде придружуван од Германија, Белгија, Холандија, Шпанија, Португалија и Грција“, прецизира тој.

Оваа европска сила, како што е и учество во мисијата на Балтикот, ќе ја зајакне трансатлантската врска и НАТО и е уште еден доказ дека европската одбрана и НАТО се два столба на иста куќа“, истакна тој.