Француската полиција ранила човек кој со нож трчал кон нив и извикувал „Алах акбар“

0
73

Француската полиција пукала и ранила еден маж кој трчал кон група полицајци со нож, викајќи Алах Акбар во францускиот град Мец, соопштија локалните власти.

Инцидентот во Мец се случува два дена по нападот со нож во предградието на Париз, кога беше убиено едно лице, а повредени две лица. Овој напаѓач беше убиен од полицијата.

Канцеларијата на јавниот правобранител во Мец соопшти дека е во контакт со обвинителството за инцидентот, додека францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер изјавил дека внимателно ја следи ситуацијата, пренесува Ројтерс.

Тој го пофали брзиот одговор на полицијата Мец која интервенирала и го фатила напаѓачот.