Црвен Крст ја затвори сметката: Собрани парите од македонските граѓани за Албанија

0
79

Црвениот Крст на Македонија на денешната прес-конференција објави дека се собрани вкупно 16,6 милиони денари на доброволна основа од страна на граѓанските организации, поединци и фирми за настраданите од земјотресот во Драч, Албанија.

Најмногу, или вкупно 13,2 милиони од сумата се пари од донации на македонски компании. Преку телефонските оператори се собрале 2,67 милиони денари, директно од самите граѓани 238 илјади денари, а од општински организации биле дадени 444 илјади денари.

На 26 ноември крајбрежјето на Албанија беше погодено од силен земјотрес од 6,4 степени, а најголем број на жртви и материјална штета имаше во Драч.