Црна Гора на нозе, се слави победата над Србија со огномет и сирени низ цела земја

0
141

Репрезентацијата на Црна Гора го доби дерби дуелот против Србија во 2. коло од Групата А со 22:21 и дојде на чекор од огромен успех.

На Црногорците им треба победа в понеделник против Белорусија за да се пласираат во следната фаза од шампионатот, а сега ќе бидат и двојно помотивирани бидејќи се во одлична позиција после победата така што сè води кон прекрасен натпревар.

После победата над Србија славјето беше огромно во соблекувалната, а потоа истото се префрли и на улиците во Црна Гора каде што се слави со огномет како да е освоена титулата Европски првак.

Секако дерби дуелот против Србија беше од големо значење, па оттаму и така големата радост кај сите во Црна Гора.