Честитка од претседателот на ДУИ Ахмети по повод христијанскиот празник Божик

0
88

Претседателот на Демократска унија за интеграција Али Ахмети, упати честитка до граѓаните по повод христијанскиот празник Христовото раѓање – Божик.

– Божик е голем и значаен православен празник со кој се слави раѓањето на Исус Христос и не соединува во искрените взаемни желби за здравје, успех, среќа и меѓусебно разбирање и почит. Со векови славиме, се почитуваме, веруваме и се радуваме заедно, стои во честитката од претседателот на ДУИ.

Во честитката претседателот на ДУИ Ахмети на граѓаните им посакува здравје, среќа, спокој и благосостојба.