Шекеринска: Не сме точка на интерес на Иран, но не смее да се занемари опасноста од радикализирани структури

0
78

Bо овој момент нема причини за загриженост од присуството на невладини организации во земјава поврзани со Иран бидејќи Северна Македонија не им е точка на интерес, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска додавајќи дека нашите дипломатски односи со Иран се многу скромни, но не се толку комплицирани како нивното отворено прашање со Албанија.

Сепак, потенцира таа во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, никогаш не смееме да ја елиминираме опасноста од радикализирани исламистички структури кои се враќаат од тамошните фронтови. И земјава, и целиов регион, и светот, нагласи Шекеринска, живее со опасноста од тероризам.

„Ако во еден момент помислите дека тоа им се случува на некои други, ќе се разбудите шокирани и непријатно изненадени бидејќи светот живее под притисок од тероризмот. Кај нас е специфично бидејќи сме поблиску и поради овие присуства и влијанија во целиот регион. Затоа и работиме на програми на ресоцијализација и менаџирање на сите тие повратници, но акцијата на нашето МВР во 2018 докажа дека ситуацијата се следи, се реагира секој пат кога постои каква било опасност“,