Шилегов: Не сум нобеловец за да знам кога ќе падне снег

0
75

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов се изјасни за договорот со фирмата за чистење на снег на која се обврзал да и исплати еден милион евра без разлика дали и колку ќе има снег.

Тој објаснува дека не може да предвиди какви ќе бидат временските услови и оти градот мора да биде подготвен.

Кога зборуваме за снегот, Скопје е должен да има зимска служба за одржување на улиците. Јас би бил нобеловец ако во јуни оваа година знам каков снег ќе имаме во 2021 година. Станува збор за договори кои не се измислици на Петре Шилегов“, истакна градоначалникот на Скопје.