Што носи Новата 2020-та на економски план?

0
77

Што носи за граѓаните Новата 2020-та година?! За 320.0000 пензионери повисоки пензии за 700 денари, за над 32.000 просветари повисоки плати за 10 проценти. Од денеска официјално почнуваат да „течат“ најавените покачувања на платите и пензиите, но парите на сметка пензионерите и наставниците ќе ги видат во февруари со исплатата на јануарскиот приход.

Со февруарската плата пак, ќе се опарат и медицинарите – ќе им легнат на сметка покачените плати на околу 15.000 здравствени работници.

Но, затоа пак сега во јануари ќе легнат парите од повисокиот минималец. Тој со декемвриската плата порасна за 2.000 денари од 12.500 на 14.500 денари.