Џабар се збогуваше со Брајант: Коби беше инспирација на цели генерации спортисти (ВИДЕО)

0
91

Американската кошаркарска легенда Коби Брајант го загуби животот во хеликоптерска несреќа, а целиот свет тагува поради големата загуба.

Многу спортисти се огласија на социјалните мрежи и се збогуваа со легедарниот кошаркар, а еден од нив беше и Карим Абдул-Џабар.

„Многу ми е тешко да кажам со зборови како се чувствувам за загубата на Коби Брајант. Го сретнав кога имаше 11-12 години, бев пријател со неговиот татко. Тој беше добар пријател, тешко ми е сфатам како ќе влијае на Џо и неговата жена. Сакам да дадам сочуство до семејството на Брајант. Коби беше сеемен човек, ги сакаше сопругата и ќерките. Тој беше неверојатен спортист и лидер на многу начини, тој инспирираше многу генерации на млади спортисти. Доминираше во НБА и стана еден од најдобрите кошаркари кои играле во Лос Анџелес Лејкерс. Имав чест да бидам на меч на кој постигна 81 поен и засекогаш ќе го паметам моментот. Почивај во мир“, кажа Џабар.