26 лица починале од коронавирусот во Кина, забрането патувањето во 10 града во провинцијата Хубеи

0
44

Кина ги прошири драстичните мерки за забрана на патувањето во провинцијата Хубеи , центар на епидемијата коронавирус, откако смртоносниот биланс се зголеми на 26 лица.

Овие рестрикции ќе опфатат најмалку 20 милиони луѓе во 10 града, вклучувајќи го и Вухан, каде првично и започна да се шири вирусот.

Во текот на вчерашниот ден, еден пациент заболен од коронавирусот починал во блиската провинција Хебеи, што е прв смртен случај надвор од провинцијата каде досега се ширеше епидемијата. Подоцна, уште еден смртен случај беше потврден и во северо-источната провинција Хеилоџијанг. Овој регион се граничи со Русија и е оддалечен повеќе од 2 000 км од Вухан.