42-годишник загина во пожар во Штип – трета жртва на пожар за 24 часа

0
67

Трагедија во Штип. Едно лице загина во пожар. Густ чад и пламени јазици претпладне ги изненадија жителите на зграда на булевар ЈНА во штипската населба 8-ми Ноември.

Пожарот во станот на 5-ти кат избувнал околу 10 и 30, по што соседите веднаш ја повикале единицата за против пожарна заштита.

-На лице место имавме 3 возила и 10 пожарникари. За кратко време пожарот го локализиравме.-изјави Тони Георгиев, ТППЕ – Штип.

Во станот горела само една соба, а брзата интервенција на пожарникарите спречила огнот да се прошири на кровот и на соседните станови. Меѓутоа, за несреќа, токму во таа соба бил сопственикот на станот.