Анкара бара од ЕУ исти правила за преговори со Западниот Балкан

0
99

Анкара побара од Европската унија да ја тргне „вештачката поделба“ меѓу Западен Балкан и Турција во политиката за проширување на ЕУ. Во писмото од турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу пратено до новиот шеф за надворешна политика на ЕУ Џозеп Борел на 22 јануари, тој го искажува турскиот поглед на проширувањето во пресрет на денешното објавување на новата методологија на ЕУ.

Новата методологија за преговори која денеска беше презентирана во Брисел се однесува на Албанија, Босна, Косово и Северна Македонија.