Ахмети и Бајрами ќе сведочат на денешното судење за “Монструм”

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и обвинителот Џелал Бајрами денеска треба да сведочат на рочиштето за случајот “Минструм”, по покана на обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

На претходните рочишта за случајот „Монструм“ сведочеа и лидерот на СДСМ Зоран Заев и поранешната министерка за внатрешни работо Гордана Јанкулоска.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.