Aлијансата за Албанците и БЕСА нема да го гласаат Законот за јавно обвинителство, соопштија денеска пратниците Сурија Руштити и Фадил Зендели.
„Точно е е дека Алијансата водеше преговори со Министерството за правда и имаше свои забелешки и предлози на драфт верзијата, но и голем дел од нив беа прифатени, но во последниот предлог што стигна во Парламентот има драстични измени во членот 110 каде се предвидува целосна амнестија на тие што се корумпирани и ние никогаш нема да прифатиме закон за јавно обвинителство со кој се амнестираат криминалци“,
изјави Рушити.
Пратеникот на Беса Фадил Зендели рече дека тие нема да гласаат бидејќи не биле консултирани за последната верзија на Предлог-законот што утрово пристигна во Парламентот.
Според него, поднесениот предлог закон е различен од онаа верзија која што била договарана.