Бутиџиџ води во Ајова, пред Сандерс и Ворен

По фијаското на завчерашните избори во Ајова, Демократската партија денеска објави делумни резултати, според кои Пит Бутиџиџ е во тесно водство. Од 71 процент обработени места, процент до кој Демократската партија ги обработува веќе втор ден, Бутиџиџ води со 26,8 проценти пред Берни Сандерс со 25,2 и Елизабет Ворен со 18,4. Поранешниот потпретседател Џо Бајден е на четвртото место со 15,4, по него доаѓа Ејми Клобучар со 12,6. Останатите тројца кандидати се околу 1 процент.

Резултатите се се уште некомплетни и поради тоа Демократската партија за сега се воздржува со објавувањето на победникот.