Во Хрватска геј двојките ќе можат да посвојуваат деца

Хрватскиот Уставен суд денеска објави одлука со која во иднина геј двојките ќе можат да посвојуваат деца.

Заклучокот на Уставниот суд е донесен по разгледување на предлозите за оценка на уставноста на три членови од Законот за посвојување, за кои голем број партии, здруженија и поединци тврдеа дека со нив се дискриминираат партнерите од ист пол.