Во 2016 од распишувањето на изборите до гласањето поминаа 54 дена, а во 2014 година 52 дена

Доколку Собранието се распушти на 12 февруари, а претседателот Талат Џафери ги распише изборите утредента, до гласањето на 12 април ќе има 59 дена. Тоа е дел од горниот праг на законските рамки од 45 до 60 дена. Доколку распишувањето на изборите се одложи за неколку дена (таа можност ја најави лидерот на СДСМ, Зоран Заев) тоа нема да биде ниту невообичаено, ниту пак политички спектакуларно.

Двете последни гласања се одржаа во временска рамка покуса од оваа што сега е начелно прифатена. Предвремените избори во 2016 година беа распишани на 18 октомври (Собранието се распушти еден ден порано), а гласањето беше на 11 декември. Од распишувањето на изборите до гласањето поминаа 54 дена.