Втор обид за почеток на судењето за организацијата на „27 април“

Bо Основниот кривичен суд во Скопје за денеска е закажано ново рочиште за случајот за организацијата на настаните во Собранието на 27 април 2017 година. Во предметот обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и бившиот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Првото рочиште за овој судски процес беше закажано за 21 февруари (минатиот петок), меѓутоа, до давање воведни зборови и произнесување за вина воопшто не дојде бидејќи одбраната има неколку приговори и барања за да ги добие сите докази кои ги предлага обвинителството.

Судијата Илија Трпков, кој е на чело на судечкиот процес, го одложи судењето и најави дека ќе ги достави доказите до адвокатите и обвинетите.