ГИ ОТКРИ ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА: Продавале маски за лице за 5.000 евра

0

Во Италија заштитни маски се продаваат и за цена од 5.000 евра, а на трговците им се заканува затвор.

Финансиската полиција открила луѓе кои продаваат маски за лице за цена од 5.000 евра за парче.

По избувнувањето на епидемијата на коронавирусот, луѓето во неколку делови на Италија од аптеките и продавниците ги разграбале заштитните маски за лице и антибактериските гелови за раце, што предизвикува раст на цената на овие производи.