Дарко Младиќ: Предмалку се слушнав со тато, звучеше добро

Откако на интернетот се прошири веста дека поранешниот генерал на српската армија Ратко Младиќ починал, неговиот син Дарко Младиќ за телеграф.рс изјавил дека татко му е жив.

– Се слушнав со него пред половина час. Звучеше добро. Адвокатот сега е со него. Се ова засега го сметаме за лажна вест – рекол Дарко Младиќ за телеграф.рс.

Според првичните информации, веста се проширила од лажниот профил на министерката за надворешни работи на БиХ, Бисерка Турковиќ.