Димишков во „Рекет“: Камчеви сакаа да ме ангажираат за да ја тргнат сестра ми од судијка во „Империја“

0
144

Aдвокатот Васил Димишков, брат на судијката на претходна постапка во Основниот кривичен суд, Весна Димишкова, денеска сведочи во случајот „Рекет“.

Тој пред судот говореше за неговата средба со Орце Камчев, кој е обвинет во „Империја“, случај за кој како судија на претходна постапка одлучувала неговата сестра Весна Димишкова и за средбата со обвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски.

Димишков рече дека средбата со Камчев се случила околу 20 август 2018 година, која била договорена преку директорот во Стопанска банка, Владимир Ефтимовски, банка чиј адвокат бил Димишков.