По денешното рочиште за предметот „Рекет“, адвокатите на Катица Јанева, Дељо Кадиев и адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски дадоа изјави за медиумите.
-Овие докази иако беа побарани од наша страна не ни бе дадени ни од обвинителството ни од страна на судот. Со самото тоа беше отежната работата на одбраната. Никаква автентичност не може да им се даде на овие снимки бидејќи беа мешавина од повеќе разговори. По големо сомнение е веродстојноста на снимките и под какви околности се дадени изјавите, објасни адвокатот на Катица Јанева, Дељо Кадиев, по денешното рочиште за предметот „Рекет“
Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски објасни дека денешните разговори биле измешани без конкретни датуми.