Забрана за камиони на патиштата Гостивар-Кичево, кон Маврово, Дебар и Ѓавато

0
35

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози на места со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег врне во северниот,западниот и јгозападниот дел од државата.

Забрана за тешки товарни возила од 23:30 часот има на патните правци Гостивар-Кичево преку планискиот превој Стража и Гостивар-Маврово-Дебар, а од 3.30 часот е воведена забрана на патниот правец Битола-Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.