Заев: Ова е историска победа врз криминалните структури на ВМРО-ДПМНЕ

0
94

На граѓаните им е јасно по кој пат треба да се движат нашите деца, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Веднаш по усвојувањето на Законот за јавното обвинителство, лидерот на СДСМ Зоран Заев свика итна прес конференција во партиското седиште. На пресот тој рече дека успеале, и дека ставиле уште еден темел на правосудството кое гарантира казнивост на секој кој го прекршил законот.

– Им честитам на 80 пратеници кој ги победија притисоците и гласаа за законот за ЈО. Ова е историска победа врз криминалните структури на ВМРО-ДПМНЕ. Законот за ЈО гарантира судска разрешница на сите започнати постапки од СЈО и на обвинетите ќе им се суди со докази, кои произлегоа од „бомбите“ – изјави Заев.

Тој рече дека политичарите повеќе нема да бидат обвинители

– Тефтерчињата ќе сведочат за една заробена држава. ВМРО-ДПМНЕ и овој пат не гласаше за европска иднина. „Белиот дворец“ остана да биде заложник на Никола Груевски, а неговиот извршшител Христијан Мицковски направи сè да го одбрани криминалот Тие чекор назад, ние три чекори напред. Не запираме со реформите. Сега на потег е ЕУ. Време е да чекориме напрад – изјави лидерот на СДСМ.