Истече рокот за имплементација на условите од УНЕСКО

Истече рокот кој УНЕСКО им го даде на македонските власти да реализираат 19 препораки за заштита на Охридскиот регион.Извештајот за степенот на преземените активности e испратен во Париз. Во него стои дека државата останува цврсто посветена на зачувувањеto на статусот на Светско наследство, се истакнуваат заложбите за исполнување на препораките на Реактивната мониторинг мисија, како и продлабочувањето на билатералната соработка со Република Албанија во насока на заедничко управување со природното и културно наследство.

Од Охрид СОС пак велат дека владата привидно прави нешто а во реланоста не е исполнето ништо од наложеното тие и понатаму на став дека охридскиот регион треба да се стави на листата на загрозено светско наследство бидејќи само на тој начин ќе се добие потребната стручна помош и средства за справување со проблемите.