Кинеските туристи ги откажаа аранжманите во Охрид

Иако бројот на кинески туристи во Македонија е многу помал во однос на земјите од регионот, сепак туристичките работници во Охрид го вклучија алармот. Според нивните информации, 100% од пакет-аранжманите кои носат кинески туристи во земјава се откажани поради коронавирусот во нивната земја. Сите се плашат да ги напуштат своите градови и домови.

„Арнжманите се откажани до април 2020 година. Се надеваме дека ситуацијата ќе се подобри и оти коронавирусот ќе се повлече во Кина и дека тие гости кои доаѓаат во Македонија, брзо ќе ни се вратат бидејќи тие се голем инпут во економијата на Македонија“, рече Филип Стефановски, Тур-оператор.