Верувате ли дека нешто се случило затоа што некој или нешто го предизвикало тоа со умисла или намера? Истражувањата покажуваат дека повеќето луѓе веруваат. Психологијата зад теориите на заговор е нешто што научниците одново се обидуваат да го објаснат иако феноменот постои веројатно исто толку долго колку што постои и човештвото. И секогаш одново се актуелизира кога имаме сиуации како постојната: ширењето на вирусот.
Лекарите и научниците упорно укажуваат дека постои едноставен начин да се заштитите од него: редовно миење на рацете и избегнување контакт со заболени лица. И толку.
Но доколку прошетате по инфо-просторот набрзо ќе разберете дека „ве лажат“! И тука се наметнува дилемата: во што е полесно да се верува.