Коронавирусот се приближува,но се уште не ни влегол дома – патникот од Дубаи негативен на тестот

0
28

Негативни се резултатите за корона вирусот на патникот од Дубаи кој утрово беше хоспитализиран на Инфективна клиника. По шест часа неизвесност, се потврди дека лицето кое беше примено со симптоми на грип, сепак нема корона вирус.

„Вториот случај кој го тестиравме на коронавирус е негативен. Станува збор за патникот кој е дојден од Дубаи по шестдневен престој таму. Станува збор за инфлуенца тип Б“, – изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Синоќа на Инфективната клиника беше примен и италијански државјанин кој се пожалил на стомачни проблеми, но и за него тестовите за коронавирус беа негативни.