Лидерите договараат и издаваат наредби, пратениците гласаат

0
69

Во последните денови од работата на Собранието, власта го турка Законот за јавно обвинителство и „брка“ двотретинско мнозинство. По барање на премиерот, Оливер Спасовски, Собранието треба да расправа и за разрешување на министерката за труд Рашела Мизрахи. ВМРО-ДПМНЕ по состанокот на Извршниот комитет(ИК), реши да не ја напушта работата на Парламентот, туку, како што соопштија, да го следат развојот на ситуацијата и да реагираат во одбрана на демократијата, интересите на граѓаните и државата. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред да се одржи седницата на ИК изјави дека не гледа потреба партијата и натаму да учествува во работата на Собранието, бидејќи не е испочитуван договорот за распуштање на Собранието на 12 февруари.,

Од партијата велат дека 12 април е денот кога мора да се одржат предвремените избори и, како што велат, да се стави за крај на кризата и за крај на политичката кариера на Зоран Заев. А потоа мора да има одговорност за криминалот и корупцијата, се наведува во соопштението.