Лице кое слетало од Дубаи заврши на инфективна клиника, се тестира дали има коронавирус

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска соопшти дека едно лице кое дошло од Дубаи заврши на инфективна, со симтпоми на грип, и се направени тестирања за коронавирус.

„Пред неколку часа е примен еден пациент кој минал шест дена во Дубаи, има симптоми на грип, и за околу 2-3 часа ќе бидат готови резултатите“, рече Филипче.