ЛОКАЛНОТО НАСЕЛЕНИЕ ОД ГРЧКИТЕ ОСТРОВИ СО БЛОКАДИ ЌЕ ЈА СПРЕЧУВА ИЗГРАДБАТА НА ЗАТВОРЕНИТЕ ЦЕНТРИ

0
185

Локалното население на Самос, Лезбос и Хиос, со поддршка од локалните власти се мобилизира и најавува блокади за да не започне изградбата на затворените центри за бегалци и мигранти, јави дописничката на МИА од Атина.

Во текот на викендот започнаа активностите,а целта е да не им дозволат на булдожерите и камионите да започнат со работа. На Лезбос и Хиос, локалното население синоќа одржа мирни протести.

Две општини од островот Самос, преку соопштение го изразуваат нивното несогласување за изградбата на центрите, а на вонредните општински совети закажани за среда, ќе предложат блокада на изградбата.

На островот Хиос вчера се одржа мирен протест, а според локалните медиуми, од саботата веќе се формирани т.н. дефанзивни групи кои ќе имаат задача 24 часа да ја следат ситуацијата и доколку забележат булдожери или камиони да ги известат граѓаните за да се направи блокада.