МИСТЕРИОЗНА СМРТ НА МАЖ И ЖЕНА ОД КРАТОВО: Мртви најдени во помошна просторија во дворот

0
84

Обдукцијата на телата ќе покаже како настапила смртта кај двајца сопружници кои се најдени мртви во сопствениот дом во Кратово.

Оваа вест во кратовската полиција била пријавена во текот на вчерашниот ден.

Според МВР се работи за лицата со иницијали М.И.(67) и неговата сопруга Д.И.(66), а нивните тела биле најдени во помошна просторија во дворот од куќата.

Засега не е познато како се случила трагедијата а лекарите можеле само да констатираат смрт.