За само две години откако СДСМ ја предводи Владата, во периодот од 2017 до 2019 година просечната плата е зголемена за над 3.000 денари, додека за времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ просечната плата растеше по околу 850 денари на секои две години. Тоа го покажуваат податоците, според кои просечната плата во периодот од 2013 до 2015 година е зголемена за 851 денар, додека во периодот од 2015 до 2017 година за 842 денари, потенцираше Јован Митрески, пратеник од СДСМ на синоќешната дебата на емисијата „Економски магазин”, на Телевизијата Алсат М.
Тој нагласи дека заклучно со декември 2019 година СДСМ преку успешни мерки и политики постигна просечна плата од 450 евра.
„ Очекувам дека податоците заклучно со февруари ќе покажат значајно покачување на просечната плата, бидејќи резултати ќе даде и мерката за субвенции на придонесите за покачување на платата. Според последните податоци, околу 10 илјади фирми побарале субвенции за придонеси за покачување на плати, што опфаќа околу 110 илјади вработени во тие фирми”, нагласи Митрески.
Тој потсети на повеќе мерки кои обезбедија повеќе пари кај граѓаните, како што е враќањето на евтината тарифа на струјата, но и зголемувањето на минималната плата прво на 12 илјади дена, а потоа и на 14.500 денари.